Казни за винариите должници
Истече рокот во кој винарските визби требаше да ги исплатат лозарите за предадено ланско грозје. Поголемиот дел долгот е исплатен, а по обработката на податоците ќе се знае која винарија ќе мора да доплаќа со камати доколку сака да продолжи да откупува од новата реколта.

На 30-ти април заврши рокот за доплата на откупениот лански род на винското грозје.
По обработката на податоците за неколку дена ќе се знае и која винарска визба ќе мора да плати камати на лозарите и казна од 10 проценти на државата во буџетот за неисплатената сума.
Доколку не се исполнат овие услови винариите не ќе можат да се впишат во регистарот на откупувачи и нема да можат да откупуваат грозје.
Лозарите се повеќе се решаваат да го продаваат грозјето на визбите кои редовно плаќаат, а ги избегнуваат ненавремените плаќачи.
Здужението „Вина од Македонија“ каде членуваат поголемите винарски визби бараат и јавно да се објават оние откупувачи кои им должат на лозарите.
Методија Трајков
