Иванов: САД да ја деблокира интеграцијата во НАТО
„Постојат два начина Република Македонија да го заземе заслуженото место во Алијансата, што ќе биде од корист за целиот регион. Првиот е преку безусловно почитување на Времената спогодба и пресудата од Хаг, и вториот е изнаоѓање на заемно прифатливо решение за наметнатиот спор во согласност со рамката во која се води процесот.

„Постојат два начина Република Македонија да го заземе заслуженото место во Алијансата, што ќе биде од корист за целиот регион. Првиот е преку безусловно почитување на Времената спогодба и пресудата од Хаг, и вториот е изнаоѓање на заемно прифатливо решение за наметнатиот спор во согласност со рамката во која се води процесот. За деблокада на нашите стратешки цели неопходна ни е поддршката и ангажманот на САД“, рече претседателот Иванов на средбата со Хојт Брајан Ји, заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на Соединетите Американски Држави во претседателската резиденција во Скопје. Во однос на стратешките приоритети на Република Македонија, Иванов истакна дека земјава останува целосно посветена на членството во НАТО и Европската Унија и изрази очекување за американска поддршка и ангажман пред следниот НАТО самит во Велика Британија.
Во однос на разговорите околу прашањето за името претседателот Иванов укажa дека јужниот сосед продолжува со неодговорно однесување, избегнување на контакти и непочитување на рамката на разговорите. “Непридржувањето до рамката во која се води процесот во Обединетите нации, непочитувањето на пресудата од Хаг, не не придвижува кон постигнување на взаемно прифатливо решение. Затоа очекуваме од нашите сојузници, пред се од САД, во име на поширокиот интерес да побараат разумно однесување од страна на Грција“, прецизирал претседателот Иванов.
На средбата со заменик помошникот на државниот секретар на САД, бил потврден интересот на Република Македонија за интензивирање на стратешкото партнерство со САД и изразено очекување за натамошно продлабочување на севкупната билатералната соработка, вклучувајчи ја и економската.
На средбата биле разменети мислења и информации и за состојбите во регионот на Југоисточна Европа.
