Една година од кумановските настани

09.05.2016 10:27

Лани на деветти и на десетти мај се случи вооружената пресметка на полицијата со криминално-терористичка група.

Една година од немилите настани во кумановската населба „Тоде Мендол“. Лани на деветти и на десетти мај се случи вооружената пресметка на полицијата со криминално-терористичка група.

Во речиси непрекинатата 28 часовна антитерористичка операција, животот го загубија осум припадници на МВР, а 14-тина беа ранети.

Денот ќе биде одбележан со активности во нивна чест, на кои, покрај блиските и роднините на загинатите, ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Горанчо Савовски, заедно со командантите на единицата за брзо распоредување и единицата за специјални задачи „Тигар“.