Црвениот крст ќе отвори Центар за логистика во Момин Поток
09.05.2016 10:33
Целта на отворањето на Центарот е зајакнување и унапредување на капацитетите за логистичка поддршка на националното друштво...

Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе отвори Центар за логистика во Момин Поток, во рамките на активностите за одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, 8-ми мај.
Целта на отворањето на Центарот е зајакнување и унапредување на капацитетите за логистичка поддршка на националното друштво, како и придонес кон функционално единство, унифициран дизајн, видливост и препознатливост во државава и пошироко, соопштија од Црвениот крст на РМ.
