Русија: Со воена парада ќе се слави Денот на победата над фашизмот
Традиционално, руската армија се подготвува за најголемата парада. Вчера на црвениот плоштад во Москва се одржа генералната проба за дефилето, во кое ќе учествуваат 71 авион и 200 воени единици на другите родови со соодветното вооружување.

Денеска е 9-ти мај, Ден на победата над фашизмот во Втората Светска војна и капитулацијата на начистичка Германија.
Традиционално, руската армија се подготвува за најголемата парада. Вчера на црвениот плоштад во Москва се одржа генералната проба за дефилето, во кое ќе учествуваат 71 авион и 200 воени единици на другите родови со соодветното вооружување.
Годинава за првпат ќе маршираат и жени војници. Од безбедносни причини, во руската метропола се воведени посебни мерки на движење, поради заканите од терористички напади врз туристи што ги лоцирала федералната служба за безбедност.
Годинава парадата ќе биде во помал обем во однос на минатата година и се планира од државниот буџет да бидат потрошени 210 милиони рубљи.
