„Шпион“ со доцнење од два часа

27.01.2014 16:31

Почна судскиот процес „Шпион“...

Почна судскиот процес „Шпион“. Се читаше обвинението против  19-мина разузнавачи, вработени во државниот архив, како и шефот на кабинет на собранискиот спикер. Обвинетите се товарат за шпионажа, уцена, измама. Оддавале податоци за политичката состојба во земјата, за односите на македонците и албанците, за состојбите во ВМРО ДПМЕН и ДПА, за тоа како е расположено населението за одреден кандидат пред изборите. За 650 евра оддавале информации за разузнавачи од ЦИА во земјава, за оние кои доаѓале во официјална посета на агенцијата.

Давале информации за вработените во Агенцијата за разузнавање, преку операторот ОНЕ,  ги оддавеле телефонските броеви на разузнавачи од други земји на работа во амбасадите во земјава. Испорачувале информации за вработените во турската, српската и други амбасади. Освен тоа уценувале бизнисмени и други лица како Минчо Јорданов и Драган Даравелски, под закана дека доколку не ја дадат сумата ќе бидат обајувавни компромитирачки иноформации за нив во „Буре весник“ на новинарот Зоран Божиновски.

„Доколку постоеше било што што е класифицирано како државна тајна, а тоа мора да стои во обвинението каде што се става на товар на обвинетиот тогаш мораше да биде исклучена јавноста, односно вие да не можете да бидете присутни.“- изјави адвокатот Еленко Малинов

„Јас немам никаков коментар. Обвинението се прочита и процесот продолжува во среда и во петок.“ изјави адвокат Саво Коцарев.

Одбраната на дел од обвинетите уверуваше дека обвинението паѓа во вода бидејќи податоците во обвинението не биле класифицирани.

Судењето почна под силно полициско обезбедување со доцнење од два и пол часа. 

Фиљана Кока