Почит за загинатите полицајци во „Дива населба“
09.05.2016 13:15
Нивните колеги тргнаа организирано од Куманово, а во Скопје и Тетово им се приклучија и други велосипедисти.

Во чест на припадниците на полицијата кои на 9-ти мај минатата година ги загубија животите во пресметката со терористите во кумановската Дива насеба, вчера беше организирана велосипедска турнеја.
Нивните колеги тргнаа организирано од Куманово, а во Скопје и Тетово им се приклучија и други велосипедисти. Заедно возеа до гостивар каде го посетија гробот на еден од загинатите припадници на МВР.
