Преработувачката, металната и електро- индустријата најмногу страдаат од политичката криза

09.05.2016 13:49

Се откажуваат најавените датуми за преговори со странски партнери. Ова велат од комората на долг рок негативно ќе влијае врз поголемото ангажирање на капацитетите...

Влијанието од актуелните случувања најмногу се чувствува во компаниите од преработувачката, металната и електро-индустријата, велат од Стопанската комора.

Се откажуваат најавените датуми за преговори со странски партнери. Ова велат од комората на долг рок негативно ќе влијае врз поголемото ангажирање на капацитетите, зголемувањето на производството, вработувањето и размената со странство.

Засега кризата не задира во градежниот сектор кој континуирано е главен носител на дел од стопанските активности.