Се градат 123 социјални станови во Гостивар, Кочани и Македонски Брод

09.05.2016 14:00

Покрај во Гостивар, 43 станови за лица од социјални категории се градат во Кочани, а 10 во Македонски Брод, изјави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

За две години во Гостивар ќе бидат изградени нови 70 социјални станови. Покрај во Гостивар, 43 станови за лица од социјални категории се градат во Кочани, а 10 во Македонски Брод, изјави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Во тек на увид на градежните активности Мисајловски рече дека инвестицијата во новата зграда во Гостивар изнесува 84 милиони денари, како дел од Програмата на Владата за изградба на станови за социјално ранливи категории граѓани.

Како што рече Мисајловски, станува збор за зграда со две ламели со 70 станови што ги гради АД за стопанисување со станбен и деловен простор во соработка со Владата на РМ.

Досега во рамки на  Програмата за лица од социјален ризик се изградени 14 згради со 678 станови.