Второ извлекување- „Фискална во рака- награда без мака“

27.01.2014 16:46

Со собрани 20 фискални сметки, сте во трката за стан, дуќан или автомобил...

Со собрани 20 фискални сметки, сте во трката за стан, дуќан или автомобил. Наградниот фонд вреден околу 350 илјади евра е најбогат досега. Првиот стан го доби Трајко Кузмановски од Куманово, остануваат уште 2 стана од по 52 квадратни метри, сите во општина Аеродром, 9 автомобили и други вредни награди.
 
Второто извлекување од наградната игра "Фискална во рака – награда без мака" ќе се одржи вечерва во 20 часот и ќе биде пренесувано на МРТ1.
Главната награда за ова извлекување е автомобил Фолксваген Поло.
 
Освен автомобилот, ќе се доделуваат и 150 ваучери, во вредност од 1.000 до 60.000 денари. Со учество во наградната игра, граѓаните даваат придонес во сузбивањето на сивата економија.
 
„Ја играм наградната игра...и секој човек што игра лотарија, очекува нели? Испратив две пликоа“, вели еден граѓанин.
 
„Имам пратено неколку пликоа, знам за вечерашното извлекување и ќе видиме дали ќе ми падне некоја од наградите, но не верувам“, се сомнева друг граѓанин.
 
Во сите извлекувања редовни награди се автомобил и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари. На 30 јуни и на на 29 декември годинава, покрај  редовните награди ќе се доделува стан во Скопје и продажен простор во метрополата. 
 
Александра Перевска