Амбасадорот Јоханес Хајндл на широки консултации пред да дојде во Скопје
09.05.2016 15:11
Со сигурност се знае дека амбасадорот Јоханес Хајндл до средината на неделава ќе престојува во Берлин, а потоа заминува во САД...

Специјалниот германски пратеник во Македонија, амбасадорот Јоханес Хајндл, неделава ќе изврши широки консултации, најпрво во Берлин, а потоа и со САД, ЕУ и Грција, пред да пристигне во Скопје, јавува Дојче Веле.
Со сигурност се знае дека амбасадорот Јоханес Хајндл до средината на неделава ќе престојува во Берлин, а потоа заминува во САД, потврдил портпаролот на германското МНР, Мартин Шефер.