Се слави денот на Европа и победата над фашизмот
По повод Денот на Европа, Националната агенција за европски програми и „Еуник“ кластерот во Македонија организираа работилница насловена „Младите и мобилноста“ со цел да им ги понудат начините на младите како да поминат одреден период на студирање или пракса во некои од европските инситуции. 9-ти мај беше одбележна и како Ден на победата над фашизмот со низа активности во земјава...

Да ги научат начините како да поминат одреден период на студирање или пракса во некои од европските институции, е целта на работилницата „Младите и мобилноста“ во организација на европската мрежа „Еуник“.
Обуката е наменета за млади од 16 до 25 годишна возраст, посочи претседателката на италијанскиот центар „Данте Алигиери“, Ѓурчинова. Тие ќе можат да запознаат млади волонтери од различни европски земји, кои ќе им ги пренесат своите искуства
Борците од народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија го одбележаа Денот на победата над фашизмот.
Во 1950-та година францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во Париз ја прочита декларацијата со која ги повика Франција, Германија и останатите европски земји да ги здружат своите производства. Трговската заедница набрзо стана европска, па прерасна во Европска унија.
Македонија е земја кандидат од 2005-та година и сѐ уште го очекува датумот за отпочнување на преговори за членство во Унијата.
Фиљана Кока
