Најдобрите 25 студенти ќе патуваат за Барселона

09.05.2016 15:22

Исклучително ми е драго што оваа мерка предизвика значаен интерес кај студентите, што се виде и од пристигнатите апликации, рече заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.

25 студенти од првите три најдобро рангирани универзитети во земјава, скопскиот, штипскиот и универзитетот на Југоисточна Европа, ќе патуваат бесплатно во Барселона. Се наградуваат студенти со просек над 9,5.

Трошоците за сместување, храна и авионски превоз ќе бидат во целост покриени од Министерството за образование и наука за што МОН веќе и потпиша договор со агенција којашто ќе го реализира патувањето од 20-ти мај до враќањето на 23 мај. Исклучително ми е драго што оваа мерка предизвика значаен интерес кај студентите, што се виде и од пристигнатите апликации, рече заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.

Оваа мерка, додаде Ристовски, ќе продолжи во наредната година.