Објавена програмата за фестивалот „Војдан Чернодрински“
Позната официјалната програма на 51-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој од 10 до 17 јуни ќе се одржи во Прилеп. Според селекторот на фестивалот, македонскиот театар бележи нагорна линија...

13 претстави во конкуренцијата за награди, уште шест во придружната програма, промоции, изложби, дебати на актуелни прашања ќе понуди 51-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржи од 10 до 17 јуни во Прилеп. Најпрестижната манифестација на театарската уметност ќе го одрази мигот во кој се наоѓа македонскиот театар меѓу двата фестивала.
Фестивалот ќе го отвори претставата „Име“ на театар „Комедија“, а дополнително ќе се утврди која претстава ќе го затвори Фестивалот и ќе се игра во чест на наградените. И квалитативно и во квантитат, македонскиот театар бележи нагорна линија, вели селекторот на фестивалот.
Годинашни лауреати на наградата за животно дело се: театарскиот критичар Лилјана Мазова и актерите Илијаме Билјали од албанскиот театар и Сабина Ајрула од Драмски театар од Скопје. Наградите ќе им бидат врачени на отворањето на фестивалот.
Елизабета Митреска
