Кризата влијае врз бизнисот, се откажуваат средбите се странските партнери
Преработувачката, металната и електро- индустријата најмногу го чувствуваат влијанието на политичката криза, соопшти Стопанската комора. Нема одложувања на нарачките, но, се откажуваат договорените датуми за деловни разговори со странските партнери...

Нема одложувања на нарачките, но се откажуваат договорените датумите за деловни разговори со странските партнери, велат од Стопанската комора. Бизнисот го чувствува ударот од актуелните случувања. Влијанието е најизразено врз преработувачката, металната и електроиндустријата.Ова велат на долг рок негативно ќе влијае врз производството, вработувањето и трговската размена.
„Најголема загриженост се јавува поради веќе откажаните, а најавени посети на потенцијалните странски партнери со кои подолго време биле договарани конкретни деловни зделки“, изјави Билјана Пеева- Ѓуриќ, Стопанска комора.
Градежништвото е столб на економијата и се очекува да го задржи трендот на зголемена активност. За 12 проценти е зголемен бројот на одобренијата за градење издадени во првите два месеца од годинава.
„Очекувањата на компаниите од градежништвото се дека ќе го задржат трендот на зголемена активност, не само во нискоградбата туку и во високограбата“, вели Ѓуриќ.
Има проблеми во наплатата, но ликвидноста е добра. Последниве неколку месеци, потрошувачката на домашниот пазар е намалена, а благо се зголемени залихите на готовите производи. Нема значителни поместувања во извозните активности што е позитивен сигнал, велат од Стопанската комора.
Дијана Ценевска
