Склучени над 30.000 договори за ново производство на тутун
Почна расадувањето на тутунот. Годинава тутунарите ќе насадат приближно исти површини како лани, односно повеќе од 14.000 хектари. На 30 хектари се враќа и широколистниот тутун од типот Вирџинија.

До 10-ти април тутунарите склучија 30.000 договори за новото производство.
Од вкупно 14.000 хектари со оваа култура, годинава по долга пауза има и заинтересирана грчка фирма за откуп на широколистниот тутун од типот Вирџинија кој ќе се насади на 30 хектари.
Според склучените договори интересот за производство е ист како и лани, кога се откупија 19.000 тони тутун со просечна цена од 185 денари за килограм, а на своите сметки тутунарите добија вкупно 56 милиони евра од откупните претпријатија.
Врнежливото време го успори расадувањето, но според тутунарите оптималните рокови до втората половина на мај, сепак ќе бидат запазени.
Методија Трајков
