Заврши јавниот увид во избирачкиот список

10.05.2016 11:13

Утре на полноќ истекува рокот за доставување на кандидатските листи за пратеници. Од партиската четворка, единствено ВМРО-ДПМНЕ достави предлог листа за членови на избирачките одбори.

Синоќа на полноќ, заврши јавниот увид во избирачкиот список. Според роковникот, Државната изборна комисија, во рок од 5 дена, односно најдоцна до 14 мај, списокот го доставува до политичките партии, кои пак за пет дена од приемот до Комисијата можат да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.

Утре на полноќ истекува рокот за доставување на кандидатските листи за пратеници. Од партиската четворка, единствено ВМРО-ДПМНЕ достави предлог листа за членови на избирачките одбори.

Според законот, Државната изборна комисија испразнетите места ги пополнува со лица вработени во државната администрација.