Алепо: Примирјето продолжено за 48 часа
10.05.2016 11:21
Ова е втор пат привремениот прекин на огнот, со посредство на САД и Русија, да се продолжува.

Примирјето меѓу владините сили и бунтовниците во сирискиот град Алепо, продолжено за 48 часа, до среда на полноќ, објави сириската војска. Ова е втор пат привремениот прекин на огнот, со посредство на САД и Русија, да се продолжува.
Градот е поделен на сектори под контрола на владата и под контрола на бунтовниците. Пред примирјето во бомбардирањата врз овој град за неколку дена загинаа скоро 300 цивили.
