Одложено судењето на Савески

10.05.2016 12:07

Првичната штета што ја приложило обвинителството изнесува 880 илјади денари, но како што велат оттаму, сумата не е конечна. Ќе се чека вештачењето од државното правобранителство, а потоа ќе се срочи ново судење.

Се одложи почетокот на судењето на Здравко Савески, обвинет за учество во толпата којашто ја демолираше Народната канцеларија на претседателот.

Првичната штета што ја приложило обвинителството изнесува 880 илјади денари, но како што велат оттаму, сумата не е конечна. Ќе се чека вештачењето од државното правобранителство, а потоа ќе се срочи ново судење.

Во меѓувреме Савески и неговите бранители ќе извршат увид во двете ДВД-а кои како доказ ги приложува обвинителство, а за кои тврди дека на снимките се гледа како Савески заедно со останати протестанти, учествуваат во кршењето на канцеларијата.