Пожарот во Канада ставен под контрола
10.05.2016 12:12
Престои голема работа во однос на обновата на инфраструктурата, снабдување со вода, струја и гас, за да може жителите да се вратат.

Полека стивнува огнот во кандскиот град Форт Мекмари. Благодарение на вчерашниот дожд навремената интервенција на пожарникарите, градот со развиената нафтена индустрија, веројатно 90 проценти е спасен, изјави премиерката на Алберта, Рејчел Нотли.
Престои голема работа во однос на обновата на инфраструктурата, снабдување со вода, струја и гас, за да може жителите да се вратат.
Пламените јазици принудија 100.000 жители да се евакуираат. Материјалната штета допрва ќе се утврдува.
