Орав: Политичката криза трае предолго

10.05.2016 12:25

Нема време за чекање, преговорите треба да продолжат веднаш, ЕУ е тука да помогне- ова беше пораката на евроамбасадорот Аиво Орав на ЕУ појадокот по повод Денот на Европа.

Политичката криза во земјава трае премногу долго. Нема време за чекање, преговорите треба да продолжат веднаш, ЕУ е тука да помогне. Ова беше пораката на евроамбасадорот Аиво Орав на ЕУ појадокот по повод Денот на Европа кој беше организиран од Секретаријатот за европски прашања.

„Минатиот месец го видовме и самиот леден брег кога беше донесена одлуката за аболиција. Нема време за губење. Тешки и сериозни одлуки треба да бидат донесени денес, утре од тие што се одговорни за ситуацијата, така што заедно ќе одиме напред. ЕУ е тука ако ви треба нашата помош. Ние во ЕУ исто така многу се надеваме дека оваа криза ќе биде оставена зад нас и дека ќе ги почнеме преговорите со вас кога тоа ќе биде можно“, нагаси евроамбасадорот Орав.

На појадокот меѓу присутните беа и американскиот амбасадор Џес Бејли, евродипломати, странски и домашни политичари како и поранешни вицепремиери за евроинтеграции.