„Панамски документи“

Панама ќе соработува со меѓународната истрага

10.05.2016 12:36

Варела додаде дека треба поинтезивно да се зборува за тоа што се случува во Панама како и за проблемите на финансисискиот систем во светот.

Претседателот на Панама Хуан Карлос Варела изјави дека неговата земја ќе ги споделува информациите и ќе соработува со меѓународната истрага за панамските офшор сметки, по вчерашното обелоденување на дел од таканаречените „Панамски документи“.

Варела додаде дека треба поинтезивно да се зборува за тоа што се случува во Панама како и за проблемите на финансисискиот систем во светот.

Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари вчера на својот сајт објави дел од милионите документи, од панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ за користење на даночните раеви и „фантомски фирми“ од богати и моќни луѓе со цел прикривање на пари и одбегнување на плаќање даноци.