Еден убиен, тројца повредени во напад во Минхен
Снимките од самото место сведочат за крвавата драма која се одвивала изутрината. Од полицијата соопштија дека една од жртвите била избодена во возот, а другите пред објектот на станицата.

Eдно лице загина, а тројца се повредени, откако беа нападати со нож на железничка станица, во предрадието Графинг, источно од Минхен. Напаѓачот, инаку 27 годишен германец, кој не живее во бавараската област, е уапсен. Според полицијата политичкиите мотиви исто така не се исклучени, но ќе се истражува и евентуална поврзаност со Исламска држава.
Според некои очевидци, напаѓачот пред нападот, на арапски извикал „Алах е голем“. Снимките од самото место сведочат за крвавата драма која се одвивала изутрината. Од полицијата соопштија дека една од жртвите била избодена во возот, а другите пред објектот на станицата.
„Државната канцеларија на криминалната полиција презема мерки за обезбедување докази и расчистување на инцидентот. Се обидуваме да дознаееме за каков мотив се работи, затоа ништо не е исклучено. Детално ги анализираме и изјавите на очевиците од кои во најмала рака, виновникот, пред извршување на делото, изјавил дека сака да убие“, изјави Ханс Петер Камерер, портпарол на полицијата.
Овој инцидент се случува по ужасните терористички напади во Брисел и во Париз, за што Германија, која игра една од главните улоги во борбата против Исламската држава е постојано во состојба на готовност.
За потестување, повеќе од 800 германски радикали ја напуштиле Германија за да се приклучат на џихадистичките групи во Сирија и во Ирак, а околу 260 се повратници. Постои загриженост и дека мигрантите кои пристигнале во земјата минатата година би можеле да бидат опасни по германското општество.
Маријана Димовска
