Анкета: Груевски со три пати поголема доверба кај граѓаните во однос на Заев
За Груевски се изјасниле 30,8 насто од испитаниците, а за Заев 11,4 проценти.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски има трипати поголема доверба кај граѓаните во однос на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, покажала анкетата на институтот „Павел Шатев“. За Груевски се изјасниле 30,8 насто од испитаниците, а за Заев 11,4 проценти.
На прашањето која партија би победила на наредните парламентарни избори, 49,6 насто од анкетираните одговориле дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, а 20,2 проценти дека ќе победи СДСМ.
Телефонската анкета на институтот „Павел Шатев“ е спроведена од 6-ти до 8-ми мај годинава, на 1.070 испитаници, со цел да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во државава.
Во анкетата не биле вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии, соопштуваат од Институтот.
