ЕУ очекува лидерите да најдат излез од кризата

10.05.2016 13:07

Европската унија уште еднаш порача дека очекува од политичките лидери во земјава да најдат излез од кризата.

Официјален Брисел засега без одговор дали ако не се одржат изборите на 5-ти јуни ќе пропадне и договорот од Пржино. Европската унија уште еднаш порача дека очекува од политичките лидери во земјава да најдат излез од кризата.

„Многу добро е позната нашата позиција во однос на политичката криза што сѐ уште трае во БЈР Македонија. Ние како ЕУ сме во постојан контакт со партиите и со засегнатите страни. Ние очекуваме од лидерите во Скопје да најдат излез од кризата за евроатлантски пат на земјата и за доброто на граѓаните. Говорејќи во овој контекст, можам да ви кажам дека контактите не терен се посредувани од амбасадорите на ЕУ и САД“, изјави портпаролката Маја Коцијанчиќ.