Хепенинг за Денот на Европа на децата од Општина Центар

10.05.2016 13:18

За најдобрите дела од детската фантазија награди им доделија градоначалникот на Општина Центар, Жерновски и шефот на делегацијата на ЕУ, Аиво Орав.

Децата од основните училишта во Општина Центар го прославуваа Денот на Европа со повеќе музичко- сценски перформанси, ораторски настапи, и ликовна изложби на тема главните градови на Европската унија.

За најдобрите дела од детската фантазија награди  им доделија градоначалникот на Општина Центар, Жерновски и шефот на делегацијата на ЕУ, Аиво Орав. Тие им порачаа на младите дека иднината им е во ЕУ.