Со физичка активност до поздрав живот
10.05.2016 13:21
Докажано е дека седечкиот начин на живот е ризик фактор за многу хронични заболувања, активниот живот пак имаат го продолжува животниот век.

Денеска се одбележува Светскиот ден на физичката активност. Со редовна физичка активност до поздрав живот. Докажано е дека седечкиот начин на живот е ризик фактор за многу хронични заболувања, активниот живот пак имаат го продолжува животниот век.
Според лекарите редовната физичка активност ја подобрува здравствената состојба и го намалува ризикот од појава на болести на срцето, спречува висок крвен питисок, го подобрува респираторниот систем. Помага во одржување на телесната тежина, но и го намалува стресот.
