Благоја Куновски- нов директор на фестивалот „Браќа Манаки“
Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола ќе се одржи и годинава од 10 до 18 септември. Од организацијата на фесивалот велат дека има доволно време да се изготви програмата. Според нив дводецениското искуство на новиот директор Благоја Куновски – Доре им велва надаеж дека и годинава фестивалот „Браќа Манаки“ ќе понуди добра програма.

Благоја Куновски- Доре е избран за нов директор на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Куновски две децении е филмски критичар и селектор. Нов уметнички директор е Евгенија Теодосиевска, долгогодишен селектор на документарната програма на фестивалот. „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 10 до 18 септември во Битола. На 26-ти мај ќе го објават името на годинашниот лауреат.
Од Друштвото на филмските работници, за смената поранешниот директор Димитар Николов - Таки и телефонското гласање рекоа дека новиот директор треба да биде избран токму пред Канскиот фестивал кој почнува утре. На Николов му замеруваат поради носење одлуки надвор од неговата надлежност.
Димитар Николов – Таки преку писмо му честиташе на новоизбраниот директор. Вели, се надева дека ќе може да се соочи со предизвиците, да добие средства од европските фондови, да ја оправда довербата на спонзорите, да ја донесе Моника Белучи. „Мислам дека во оваа тешка ситуација, Вие сте единствениот што може на своите раменици да го изнесе тешкото бреме кое ќе го носи годинешново издание“ – напишал Николов во честитката.
Наташа Јанчиќ
