Метео: Сончевото време продолжува и утре, услови за нестабилност во четврток
10.05.2016 15:02
Услови за нестабилност се очекуваат и во четврток, а во петок ќе преовладува постабилно но ветровито време со засилен ветер од југозападен правец.

Сончевото и топло време продолжува и утре. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер особено долж Повардарието.
Доцна попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Услови за нестабилност се очекуваат и во четврток, а во петок ќе преовладува постабилно но ветровито време со засилен ветер од југозападен правец.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
