Нова холандска инвестиција во ИТ секторот
Холандски „Симфони Солушнс“ ќе развива софтверски решенија во Македонија. Вработи 30-тина ИТ професионалци, планира да го прошири бизнисот во иднина.

Нова холанска инвестиција во ИТ бизнисот. Холандски „Симфони Солушнс“ ќе развива софтверски решенија во Македонија. Вработи 30-тина ИТ професионалци, планира да го прошири бизнисот во иднина.
Многу бев изненаден од големиот број висококвалификувани студенти и искусни професионалци во ИТ-секторот. Македонија е се уште неизбрусен дијамант во однос на ИТ-секторот којшто е многу важен за инвестирање и за развој на една држава, а тоа ќе значи голем бум за Македонија, рече сопственикот на холандската ИТ компанија, Тео Шифник.
Министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески истакна дека како резултат на владините политики за привлекување на странски инвестиции, покрај многубројните гринфилд инвестиции, последните години се бележи и континуирано зголемување на странски инвестиции и во информатичкиот сектор.
Оваа инвестиција е уште една потврда дека Македонија има голем потенцијал што придонесува за атрактивноста на земјата да привлече други компании од оваа индустрија, рече Павлески.
