Заев: Избори на 5-ти јуни не се можни
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели избори на 5-ти јуни не се можни. Тврди- преговори на партската четворка нема, има билатерални контакти. Не лицитира со датум. И помалите коалициски партии сметаат дека излезот од кризата е во експертска влада...

На 5-ти јуни не може да има избори. Решение на кризата е можно само со повлекување на аболицијата, прочистен избирачки список и свикување собраниска седница за одложување на датумот – велат опозициските партии. Лидерот на СДСМ, Заев рече дека убедливо би победил на изборите на 5-ти јуни, но не сака да учсетвува на нелигитимни избори. Според него, во вакви услови на криза, владејачките партии одат можат сами да одат на избори, но, ќе ги докомплицираат состојбите во земјата.
Либералите остануваат на предлогот за формирање на концентрациона влада. Повикаа партиските лидери вклучени во преговорите да не утврдуваат датум за избори.
За формирање концентрациона влада се и дел од албанските опозициски партии.
Опозиционерите опстојуваат на ставот дека главни точки во преговорите остануваат и одвојување на партијата од државата како и реформите на медиумите. Сметаат дека треба да се интервенира во изборниот модел и Македонија да биде една избирачка единици во која ќе влезат и гласачите од дијаспората.
Фиљана Кока
