Анонимна дојава за бомби на 10 локации во Чешка
10.05.2016 15:20
Според анонимната дојава, бомбите се поставени и на железничките станици во Прага и во Пизен, како и во седиштето на градските власти во Пардубица, источна Чешка.

Чешката полиција трага по бомбите кои според анонимна дојава треба да експлодираат попладне на најмалку десет места ширум земјата. Според анонимната дојава, бомбите се поставени и на железничките станици во Прага и во Пизен, како и во седиштето на градските власти во Пардубица, источна Чешка.
Чешкото радио јави дека полицијата ја евакуира зградата на градските власти во Пардубица, а чешките железници ги известија патниците дека на половина час ќе биде затворена железничката станица во Прага, во Пизен, и во Пардубица.
