Се истражуваат мотивите за нападот во Минхен
Напад во Минхен, еден убиен, тројца ранети со нож, на железничка станица во германското гратче графинг. Уапсен е 27 годишниот напаѓач, германски државјанин. Полицијата ја проверува исламистичката врска. Пред да го стори делото напагачот извикал „Алах акбар“, односно „Господ е голем“...

Eдно лице загина, а тројца се повредени, откако беа напднати со нож на железничка станица, во предрадието Графинг, источно од Минхен. Напаѓачот, инаку 27- годишен Германец, кој не живее во баварската област е уапсен. Според полицијата политичкиите мотиви, исто така, не се исклучени, но ќе се истражува и евентуална поврзаност со Исламска држава.
„Ние сега треба да дознаеме повеќе информации за напаѓачот. Се уште е нејасно дали е ментално болен, или можеби е зависник од дрога. Ова мора да се разјасни“, изјави Јоахим Херман, баварски министер за внатрешни работи.
Според некои очевидци, напаѓачот пред нападот извикал на арапски „Алах е голем“. Снимките од самото место сведочат за крвавата драма која се одвивала изутрината. Од полицијата соопштија дека една од жртвите е избодена во возот, а другите пред објектот на станицата.
„Државната канцеларија на криминалната полиција презема мерки за обезбедување докази и расчистување на инцидентот. Се обидуваме да дознаееме за каков мотив станува збор, затоа ништо не е исклучено. Детално ги анализираме и изјавите на очевиците од кои во најмала рака, виновникот, пред извршување на делото, изјавил дека сака да ги убие“, изајви Ханс Петер Камерер, портпарол на полиција.
Овој инцидент се случува по ужасните терористички напади во Брисел и во Париз, за што Германија, која игра една од главните улоги во борбата против Исламската држава е постојано во состојба на готовност.
„Кога слушнав на вести дека сторителот е германец, ми олесна. Ако навистина има исламска позадина, значи дека ова може да се случи секаде“, изјави жител на Графинг.
За потсетување, повеќе од 800 германски радикали ја напуштиле Германија за да се приклучат на џихадистичките групи во Сирија и во Ирак, а околу 260 се повратници. Постои загриженост и дека мигрантите кои пристигнале во земјата изминатата година би можеле да бидат опасни по германското општество.
Маријана Димовска
