Хрватска и Македонија ќе соработуваат за унапредување на земјоделството
Хрватска и Македонија ќе го унапредуват земјоделството преку разни видови соработка. Македонија има богати ресурси, а Хрватска како членка на Европската унија поголема достапност до фондовите...

Со лозарство се занимавам 11 години. Тешко ќе може да се постигнат повисоки резултати дколку ги немаме советодавните служби и експертите, вели Драгица Вучковиќ.
„Нашата советодавна служба ни е од голема помош, а оваа нова соработка со вашите институции и земјоделци мислам дека е чекор напред“, вели Драгица Вучковиќ, лозаропроизводител од Хрватска.
Земјите кои председаваат со мрежата на советодавните служби на државите од југоисточна Европа ќе ги разледатат националните програни за развој на земјоделието, начинот, видот и висината на субвенционирањето како и вештините на аплицирање до европските фондови.
„Оваа соработка е значајна за нас кога се во прашање ЕУ фондовите затоа што Хрватска е веќе членка на унијата и ќе има што да ни пренесе за во иднина да имаме подобри апликации“, вели директорот на АПРЗ, Игор Златков.
„Откако влеговме во Европската Унија успеавме да добиеме мнугу апликации. Привелигијата од членството допрва треба да ги подобри резултатите“, вели Вишња Шимуниќ, Советодавна служба, Хрватска.
Во Хрватска постојат 165.000 регистрирани земјоделци. Водечки гранки се овоштарството, одгледувањето на маслинови насди и лозарството.
Присуството на педесетина претставници од двете задруги на овие сектори ја наметна и првата конкретна соработка. Македонското вино за две недели ќе биде дел од меѓународната манифестација што годинава по прв пат ја организираат.
„Сакаме неколку видови од вашето квалитетно вино да бидат дел од манифестацијата каде што оценуваат еминентни експерти “, вели Марија Милашин, претставничка на Лозарска задруга.
Неколкудневниот престој хрватските земјоделци ќе го искористат за посета на дел од нашите земјоделски региони и во директен контакт со нивните колеги ќе ги разменат своите искуства.
Стевче Митревски
