Холандската „Симфони солушнс“ почна со работа

10.05.2016 16:26

Холандската „Симфони солушнс“ денеска и официјално почна со работа во земјава. Компанијата веќе ги ангажирала првите 30 ИТ професионалци. До крајот на идната година е планирано, вкупниот број на вработени да достигне 200 луѓе. Софтверските решенија планира да ги извезува на запад...

Почна да работи холандската „Синфони солушнс“ која инвестираше во Македонија. Вработени се првите 30 ИТ инженери. Инвеститорот вели дека до наредната година бројот треба да достигне 200. Квалитетот на македонските студенти пресудил тој да отвори свое претставништво во земјава, наместо во соседството.

„Македонскиот амабасадор во Украина слушна за мојата идеја и ми се обрати лично. Беше многу убедлив и ме предомисли наместо во Бугарија, да инвестирам во Македонија. Навистина бев импресиониран од големиот број висококвалификувани студенти и искусни професионалци во ИТ-секторот“, изјави сопственикот на ИТ компанијата „Симфони солушнс“, Тео Шифник.

Според премиерот за спроведување на изборите, Димитриев, холандската инвестиција е показател дека напорите на Владата за привлекување странски инвеститори и за отворање работни места даваат резултати.

„Оваа инвестиција е уште еден показател дека има резултат од нашите напори како Влада да донесеме што е можно повеќе инвеститори, во што е можно повеќе области, со цел да има повеќе вработувања за разни категории на граѓани во Републија Македонија“, нагласи Димитрев.

„Оваа инвестиција е уште една потврда дека Македонија има голем ИТ потенцијал што придонесува за атрактивноста на земјата да привлече други компании од оваа индустрија“, рече министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески.

Во претставништвата на „Синфони солушнс“ работат 3.000 луѓе, најголем дел од нив во Украина. ИТ компанијата изработува софтверски решенија.

 

Викторија Милевска