Банкарите ќе расправаат за актуелната состојба
11.05.2016 08:20
Банкарите денеска со гувернерот на Народната банка, Димитар Богов ќе разговараат за тековните активности на банките.

Банкарите се загрижени за економската состојба во земјава поради актуелната политичка криза. Тие денеска со гувернерот на Народната банка, Димитар Богов ќе разговараат за тековните активности на банките.
Богов веќе предупреди дека продолжувањето на политичката криза има негативно влијание врз економијата, по што банката подготвила и алтернативно сценарио за економските движења во земјава, според кое растот на бруто домашниот производ од планираните 3,5 би се намалил на 1,6 насто.
Според некои информации, кризата веќе предизвикала економски загуби од 170 милиони евра.
