Истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници
На вчерашната седница на ДИК беше разгледан извештајот од регистарот на државјани составен од МВР, според кој има регистрирано 2.460.000 македонски државјани, од кои 505.000 се малолетни.

Вечер на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија. До синоќа, како што информираат од Комисијата, не пристигнала ниту една листа.
ДИК има 48 часа да утврди дали листата на кандидати е поднесена до утврдениот рок и дали е составена во согласност со изборниот законик.
На вчерашната седница на ДИК беше разгледан извештајот од регистарот на државјани составен од МВР, според кој има регистрирано 2.460.000 македонски државјани, од кои 505.000 се малолетни.
Според Бедредин Ибраими член на ДИК, на јавниот избирачки список има 1.805.000 гласачи, што значи дека не се регистрирани околу 150.000 државјани со право на глас.