Пријавување субвенции за предадено млеко

11.05.2016 10:09

До крајот на неделава сточарите кои го предале млекото во последните три месеци од 2015-та година, можат да се пријават за добивање на субвенции. Финансиската поддршка изнесува по 3,5 денари за литар кравјо, овчо и козјо млеко.

До 15-ти мај млекопроизводителите можат да поднесуваат барања за субвенции за предаденото овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од октомври до декември 2015-та година.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар.

Барањата се доставуваат во подрачните единици на Министерството каде што е извршена регистрација на фармата.

Како доказ за предаденото млеко се доставуваат откупните белешки издадени од регистараните млекарниците.

На 15-ти мај завршува и рокот за поднесување на барања за субвенции за набавени несилки во живинарска фарма во периодот од октомври до декември 2015-та година.

Финансиската поддршка е 100 денари за несилка.

 

Методија Трајков