Убиство во Облешево
Доцна синоќа во село Облешево Кочанско се случила семејна расправија која завршила трагично и во која животот го загубил Благојче Ѓ. од Облешево. Во расправијата која се случила во семејниот дом во село Облешево, помеѓу сопругата и сопругот настрадал сопругот. Имено за време на расправијата сопругата зела метална цевка и го удрула сопругот во главата,по што Благојче паднал на подот.
Доцна синоќа во село Облешево Кочанско се случила семејна расправија која завршила трагично и во која животот го загубил Благојче Ѓ. од Облешево. Во расправијата која се случила во семејниот дом во село Облешево, помеѓу сопругата и сопругот настрадал сопругот. Имено за време на расправијата сопругата зела метална цевка и го удрула сопругот во главата,по што Благојче паднал на подот. Во паника за настанатата состојба сопругата повикала идна медицинска помош и полиција,сметајки дека сопругот е во бессознание.Екипа на итната медицинска помош констатирала смрт на самото место,а полицијата ја привела сопругата.
Настанот видно ги возбуди жителите на село Облешево кои од изутринава се потресени од грозоморното убиство и настанот кој се случил во нивното село.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Киро Герасимов
