Европскиот парламент ќе решава за безвизниот режим на Турција
11.05.2016 10:28
Како важен услов за исполнување на барањето се нагласува потребара Турција да го измени Законот за тероризам...

Европскиот парламент денеска на вонредна седница ќе го разгледува прашањето за укинување на визите за граѓаните на Турција. Тема на дискусиите ќе биде колку Анкара ги исполнила условите за визната либерализација.
Како важен услов за исполнување на барањето се нагласува потребара Турција да го измени Законот за тероризам, на што претходно турскиот претседател Ердоган се спротистави, посочувајќи дека тоа недоразбирање со Брисел нема да се надмине.
