Калиопи подготвена да ја претстави Македонија на Евровизија
11.05.2016 10:34
Нашата претставничка, поп дивата Калиопи настапува како осма, утре на втората полуфинална вечер.

Десет земји веќе влегоа во финалето на Изборот за песната на Евровизија, што ќе се одржи в сабота. Спектакуларен настап на рускиот претставник на првата полуфинална вечер, кој е и фаворит на Евросонгот.
Нашата претставничка, поп дивата Калиопи настапува како осма, утре на втората полуфинална вечер. Калиопи за МРТ изјави- таа е подготвена да ја претстави нашата држава.
