Неизвесна битка за Белата куќа

11.05.2016 10:38

Доналд Трамп освои уште две сојузни држави во рамки на изборите за номинација за претседателски кандидат на Републиканската партија, победувајќи во Западна Вирџинија и Небраска.

Неизвесна битката меѓу кандидатите за шеф на Белата куќа. Доналд Трамп освои уште две сојузни држави во рамки на изборите за номинација за претседателски кандидат на Републиканската партија, победувајќи во Западна Вирџинија и Небраска. 

Хилари Клинтон беше победена од Барни Сандерс, откако нејзината изјава за рударската индустрија предизвика полемика и низа реакции. Сепак, поразот на Клинтон не го менува нејзиниот статус на апсолутен фаворит за номинација на Демократите.