„Мосак Фонсека“ ќе го тужи Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари
11.05.2016 11:23
Фирмата соопшти дека барала од конзорциумот да го запре објавувањето на информациите од документите до кои, според неа, било дојдено преку хакерски упад.

Панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ ќе го тужи Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, поради откривање детали со оф-шор финансиски договори.
Фирмата соопшти дека барала од конзорциумот да го запре објавувањето на информациите од документите до кои, според неа, било дојдено преку хакерски упад.
Новинарскиот конзорциум објави околу 200.000 документи за светски лидери, политичари, јавни личности, спортисти, кои корисетеле сметки отворени преку панамската фирма со што избегнувале плаќање данок во матичните држави.
