СЦ Борис Трајковски и РСБСП потпишаа меморандум за подобрување на безбедноста во сообраќајот

11.05.2016 11:27

Како составен дел од овој меморандум договорните страни посебно се обврзаа да преземат мерки и активности за подобрување на безбедноста на ранливите групи учесници во сообраќајот, како што се пешаците и велосипедистите и пред се возачите почетници.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денес потпишаа меморандум за соработка со цел партнерство и  заедничка реализација на сообраќајно превентивни активности за едукација, тренинг и обука на учесниците во сообраќајот и подигање на нивната свест за одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.

Како составен дел од овој меморандум договорните страни  посебно се обврзаа да преземат мерки и активности за подобрување на безбедноста на ранливите групи учесници во сообраќајот, како што се пешаците и велосипедистите и пред се возачите почетници.

„Меморандумоткојшто денес беше потпишан претставува основа за понатамошна успешна соработка во реализацијата на сообраќајно превентивни активности кои веруваме ќе дадат сериозен придонес во подобрувањето на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на последиците од сообраќајните незгоди“, истакнаа страните  потписнички на меморандумот,  истовремено повикувајќи ги сите поединци и деловни субјекти да покажат повисоко ниво на лична, корпоративна  и општествена одговорност преку свој придонес кон побезбеден сообраќај.