Најмалку 64 жртви при екплозија на автомобил- бомба во Багдад
11.05.2016 12:52
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, кој бил насочен кон шиитските припадници на полицијата.

Во напад со автомобил бомба во населба во Багдад најмалку 64 лица загинаа, а повеќе од 87 се повредени, меѓу кои има и жени и деца.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, кој бил насочен кон шиитските припадници на полицијата.
Експлозијата се случила за време на утринскиот сообраќаен метеж на преполн пазар во северниот дел на градот. Од детонацијата се оштетени околните згради и автомобилите.
