„Мериот“ ги отвори вратите за посетителите
Хотелот е прв со ваков потпис на Балканот. Изграден е согласно препознатливите стандарди. Според инвеститорот, инвестицијата е вредна 30 милиони евра, а реализација траела шест години. Вработени се 97 луѓе, а бројката се очекува да достигне вкупно 160.

Хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје, на плоштадот „Македонија“, ги отвора вратите за посетителите. Првите гости веќе пристигнаа. Сите се странци од Германија и Холандија.
Хотелот е прв со ваков потпис на Балканот. Изграден е согласно препознатливите стандарди. Според инвеститорот, инвестицијата е вредна 30 милиони евра, а реализација траела шест години. Вработени се 97 луѓе, а бројката се очекува да достигне вкупно 160.
Хотелот располага со 164 соби, различните апартмани, простории за состаноци, посебни сали за настани, ресторан, спа центар, фитнес сала.
Ланецот „Мериот“ брои 500 хотели и ресорти во речиси 60 земји низ светот.
