Во април граѓаните повлекле 3,6 милијарди денари од банките

11.05.2016 13:06

Дел од нив завршиле под перниците, а дел во банкарските сефови.

Политичката состојба влијае врз економијата во земјава. Во текот на април, граѓаните повлекле 3,6 милијарди денари од банкарските сметки. Дел од нив завршиле под перниците, а дел во банкарските сефови.

Банкарите тврдат дека е во тек враќање на средствата во банките, а Народна банка го нормализира курсот на денарот, со интервенција од 77 милиони евра.