Попоски: Надминување на кризата со сопствени сили

11.05.2016 13:19

Пред посетата на Хајнд, министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски е убеден дека Германија со својот кредибилитет може да помогне во решавањето на кризата...

Утре во официјална посета на земјава пристигнува Јоханес Хајндл, специјалниот пратеник на германското Министерство за надворешни работи, кој треба да се вклучи во надминувањето на политичката состојба во земјава.

Пред посетата на германскиот дипломат, министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски е убеден дека Германија со својот кредибилитет може да помогне во решавањето на кризата.