Во Белград ќе се одржи конференција за продукција на интернет содржина

11.05.2016 14:22

ЕРНО проектот е најстар и најдолг ТВ- проект, којшто беше формиран по распадот на поранешната држава СФРЈ. Во почетокот почна со размена на вести меѓу јавните телевизии од 11 земји и тоа според највисоките ТВ стандарди.

На состанокот ќе учествуваат новинари од 11 јавни телевизии, членки на ЕРНО како и преставници на ЕБУ и „Google news lab“. На овој состанок учесниците ќе одржат интрактивни предавања за создавање на интернет содржина, создавање и прифаќање на стратегија и постапки за развој на интернет соработка меѓу јавните сервиси од Југоисточна Европа врз темелот на ЕРНО размената на вести и други платформи, а ќе стане збор и за најдобрите искуства во производството на интернет содржини- како да се употребуваат податоците, фотографски прикази и видеоматеријали.

ЕРНО проектот е најстар и најдолг ТВ- проект, којшто беше формиран по распадот на поранешната држава СФРЈ. Во почетокот почна со размена на вести меѓу јавните телевизии од 11 земји и тоа според највисоките ТВ стандарди. ЕРНО размената на вести придонесе за создавање на  атмосфера на меѓусебна доверба, но и градење на мостови и нови врски меѓу земјите, луѓето, културите, а со тоа покажа дека добрите односи меѓу соседните земји се клучни за подобро разбирање и одржување на мирот.

ЕРНО мрежата е воспоставена во 2000 година со координација на канцеларијата во Сараево во Босна и Херцеговина. Во ЕРНО членуваат 11 телевизиски сервиси, членки на ЕБУ, а тоа се- Македонска Радио Телвизија МРТВ, Телевизија Словенија, РТСЛО, Хрватска Телевизија ХРТ, Телевизија Романија ТВР, Бугарската Телвизија БНТ, Телевизија Босна и Херцеговина БХРТ, Телевизија Србија РТС, Телвизија Црна Гора РТЦГ, Телевизија Косово РТК, Албанска Телевизија ТВСШ, Унгарска Телевизија МТВА. Со копродукција и размена на докуметарци, органзира тренинзи и други активности, а главна активност е размената на вести. Во изминатите 16 години, членките на ЕРНО разменија повеќе од 20.000 телевизиски приказни.

ЕРНО е добитник на наградата „д-р Ерхад Бусек“ СЕЕМО, што е доделена за подобро разбирање во Југоисточна Европа во 2014 година.