НДМ ќе излезе на изборите на 5-ти јуни
11.05.2016 14:35
Бачев, вели дека изборната битка ќе биде тешка, но сепак ќе оди на избори, затоа што смета дека тие се решение за излез од политичката криза.

Партијата Народно движење за Македонија на Јанко Бачев, ќе излезе на изборите на 5-ти јуни. Бачев, вели дека изборната битка ќе биде тешка, но сепак ќе оди на избори, затоа што смета дека тие се решение за излез од политичката криза.
НДМ силно верува дека е созреан моментот народот да го разбие двопартизмот во Македонија, во кој 25 години на власт се менуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
